Во Okaidi пристигна нова колекција совршена за пролетните денови
БЛОГ

Во Okaidi пристигна нова колекција совршена за пролетните денови

20.02.2023.

 

 

Деновиве се чини времето ни приреди прекрасно изненадување со повисоките температури, па тоа веднаш значеше правење на најстилските комбинации за нас и нашите најмили.

 

Ако ви требаше малку инспирација, ве известуваме дека во продавниците на Okaidi и онлајн пристигна новата колекција на брендот, полна неодоливи парчиња за сите безгрижни денови на вашите најмили.

Сега е полесно од кога и да е да им одберете лежерни парчиња за вистинско уживање во секојдневните обврски од Blue колекцијата во која ќе го најдете сè она што им е неопходно.

Секако, тука се сите останати колекции на брендот, овојпат надополнети со исклучително квалитетни парчиња почнувајќи од оние за најмалите, па сè до оние за вашите големи момци и девојки.

Почнувајќи од екстра удобни тренерки со кои ќе го освојат денот, па сè до фустанчиња и кошулки за сите посебни пригоди што доаѓаат.

Нивното детство апсолутно треба да е магично, а токму тоа е и целта на новата колекција на брендот која нуди неверојатна удобност, целосно изработена од најквалитетни материјали, секогаш нудејќи го најдоброто за најмалите.

Сега е време за инвестирање во нова пролетна јакничка, елече кое важи за најдобар сојузник на најмалите, ранчиња за секојдневните прошетки, но и малите детали како ќебенца, меки играчки и што уште не за најслатките новороденчиња.

Носејќи со себе посебна радост како резултат на нивната колоритност, сите парчиња од новата колекција на брендот се вистински празник за очи, па дефинитивно ќе ви треба време да ги одберете фаворитите. Посетете ги продавниците на брендот или погледнете ги новите парчиња онлајн за најстилските комбинации на вашите најмили оваа пролет.

 

 

 

 

Слични статии

15.
Dec.
2022.
БЛОГ
За радоста да биде уште поголема, тука е нивниот омилен бренд Okaidi кој како и секоја година, повторно нè израдува со најубавите празнични парчиња см...
30.
Aug.
2022.
БЛОГ
Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди...
21.
Jul.
2022.
БЛОГ
Со цел да ви се заблагодариме за вашата лојалност, само за вас, креиравме промотивна лојалти кампања со која во периодот од 15.07 до 15.08 сите оние кои ќе н...