Веројатно доколку имате ќерка, ја знаете љубовта што тие ја имаат кон фустаните во секое доба од годината. Но, се чини летото е најдобро можно време за тие сериозно да уживаат и да им се радуваат на фустаните како никогаш досега.
Бидејќи го знаеме сето ова, денешниот блог целосно им е посветен токму на фустаните и љубовта на малите принцези кон истите.
Омилениот бренд на децата, Окаиди, во новата колекција покрај сите други ултра удобни парчиња, смести и голем број на лежерни фустанчиња кои се како создадени за безгрижна игра во текот на целото лето.
Во разни бои и модели, направени за во градинка или пак едноставно, уживање во играта со другарчињата, родителите сега можат да одберат од мноштвото модели кои се дел од колекцијата пролет-лето.
Она за што знаеме дека ќе се израдувате е фактот што деновиве во тек е актуелното сезонско намалување во рамки на брендот, па така, слатките фустанчиња сега може да ги добиете по неодоливи цени.
Секако, во согласност со моделот на фустанче, одберете и од обувките со потпис на брендот, како слатките сандали совршени за посебни прилики, патичињата за безбедна игра или пак едноставно, апостолките со кои посебно се ужива на плажа.
Кога говориме за Окаиди, треба да бидете повеќе од сигурни дека материјалите секогаш се на исклучително ниво, па така и овојпат во новата колекција истите се внимателно одбрани за нежната детска кожа.
Без разлика дали пред вас има некоја посебна пригода па на малите дами им треба стилско фустанче, или пак едноставно сакате да им овозможите целосно уживање во топлите денови пред нас, понудата на фустанчиња и останати парчиња е едноставно неодолива!