Happy days: Најслатките парчиња од Okaidi од денеска на -50% попуст!
БЛОГ

Happy days: Најслатките парчиња од Okaidi од денеска на -50% попуст!

28.10.2020.

 

Во пресрет на едно од најубавите годишни времиња на кое децата најмногу му се радуваат, време е да им направите совршено стилски слоевити комбинации во кои ќе уживаат во текот на целата зима.

Толку неодоливи, но истовреме и топли и удобни, парчињата од Okaidi се создадени за безгрижна детска игра дури и во текот на студените денови кога истата не смее да се заборави.

За најслатките, од денеска па се до 07.11 креиравме „Happy“ промоција во која вметнавме неодоливи парчиња за момчиња и девојчиња на уште посладок попуст од дури -50%.

Во комбинациите на вашите најмили, оваа сезона додадете топло плетиво, блузички со долги ракави и впечатлив принт, но и фустанчиња и здолништа, топли додатоци и пижами за најубави сништа какви што само тие знаат да сонуваат.

Сите парчиња што се дел од промоцијата се изработени од висококвалитетни материјали со акцент на органскиот памук и рециклираниот полиестер преработен во совршено топли јакни и елечиња.

Токму овие се парчињата што најмногу им се потребни на најмалите за да се заштитат од студот што допрва доаѓа, особено во раните утра или студените вечери.

Тука секако, не смееме да ги заборавиме ниту топлите додатоци како капите, ракавиците и шалчињата како едни од есенцијалните парчиња кога е зимата во прашање.

Подеднакво неодоливи се и летните парчиња кои се дел од промоцијата, а кои секогаш наоаѓаат соодветно место во плакарот подготвени чекајќи ја следната сезона.

Оваа среќна среда е совршена за шопинг за најмалите, а доколку производите се на неодолив попуст, тогаш да започнеме!

 

Слични статии

20.
Feb.
2023.
БЛОГ
Ако ви требаше малку инспирација, ве известуваме дека во продавниците на Okaidi и онлајн пристигна новата колекција на брендот, полна неодоливи парчиња за си...
15.
Dec.
2022.
БЛОГ
За радоста да биде уште поголема, тука е нивниот омилен бренд Okaidi кој како и секоја година, повторно нè израдува со најубавите празнични парчиња см...
30.
Aug.
2022.
БЛОГ
Секогаш тука за нови почетоци, омилениот бренд на родителите и децата Okaidi, ја започна својата „Back to School“ кампања во која повторно понуди...